Ливерпул му го нанесе првиот пораз на Манчестер Сити
Фудбалерите на Ливерпул вечерва на „Енфилд“ го совладаа Манчестер Сити со 4:3 во дербито на 23.коло од Премиер лигата и му го нанесоа првиот пораз на лидерот.
До овој дуел, Сити беше во серија од 30 натпревари без пораз, вклучувајќи ги осумте од минатата сезона.
Клучен период за триумфот на „црвените“ беа осумте минути (59-67 минута) во кои постигнаа три гола и стигнаа до предност која ја зачуваа до крајот на средбата.
Со освоените три бода Ливерпул го мина Челзи на табелата и сега е трет, со ист број бодови (47) колку што има второпласираниот Манчестер Јунајтед.
Манчестер Сити и натаму е убедливо прв со 62 бода.