Летен саем на книгата во Скопје
Од денеска до 13 јуни во Скопје ќе се одржи Летен саем на книгата во „Сити мол“. Саемот е во организација на Здружението на издавачите и книжарите на Македонија и посетителите во наредните шест дена ќе имаат можност да си изберат книги за релаксирано, летно читање од неколку реномирани издавачи. Станува збор за изданија на: Просветно дело, Детска радост, Магор, Бата прес, Матица, Венеција Штип, Икона, Нампрес и Логос А.
Според организторите, изданијата ќе бидат со атрактивни саемски цени, а ќе има избор за сите читателски вкусови и возрасти. Во рамките на Саемот ќе има детско катче со работилници, а за љубителите на пишаниот збор ќе биде организирано потпишување примероци, гостувања на поети…
Од Здружението на издавачи најавија уште неколку Летни саеми со цел да им се приближат книгите на читателите и во другите градови.