Лекарската, Стоматолошката и Фармацевтската комора ја поздравуваат одлуката за изградба на „Медицински град”


Лекарската, Стоматолошката и Фармацевтската комора на Македонија преку соопштение ја поздравија одлуката за изградба на „Медицински град” со Клинички центар, Медицински факултет, Истражувачки центар и Студентски кампус во близина на Скопје.

Од Лекарската комора соопштија дека претседателите на овие професионални асоцијации доц. д-р Калина Гривчева-Старделова, проф. д-р Владимир Поповски и проф. д-р Бистра Ангеловска се едоногласни дека ваквиот концепт кој ги обединува клиничката практика, односно апликативната, едукативната и наставно – научната дејност ќе биде нов квалитативен исчекор за македонското здравство.

Се посочува дека информацијата за одлуката за изградба на „Медицински град” тие ја добиле во текот на денешниот работниот состанок за актуелните прашања кои се од интерес на докторите на медицина и на стоматологија и на дипломираните фармацевти.

Претседателите на коморите се едногласни дека предложениот концепт е во интерес на пациентите, докторите, фармацевтите и здравствените работници во целост, како за сегашните, така и за генерациите што доѓаат, стои во соопштението