Леди Гага: За 74 милиони долари две години ќе пее во Лас Вегас
САД- Поп-ѕвездата Леди Гага потпиша милионски договор за настапи во казино во Лас Вегас. Пејачката ќе има постојано шоу во една од големите казина во градот. Нејзиниот настап ќе чини 1 милион долари за една ноќ и 74 милиони во наредните две години, објавија американските медиуми.
Постојано шоу во американскиот главен град на коцката обично имаат само најголеми ѕвезди во шоу-бизнисот. Ваквите претстави беа резервирани за Френк Синатра, Елвис Присли и Лиза Минели. Последниве години, тие беа наменети за Селин Дион, Шер, Џенифер Лопез и Бритни Спирс.