Лагерфелд прв пат со мејк-ап колекција


Франција – Зафатениот моден дизајнер Карл Лагерфелд се вмеша во бизнисот со шминка за лимитирана колекција во партнерство со австралиската козметичка фирма „МоделКо“. Креативниот директор на „Шанел“, „Фенди“ колекцијата за жени и Карл Лагерфелд, се вклучи во можноста за партнерство меѓу брендовите под неговото заштитно име. Досега шминката не беше траен дел од брендот на Карл Лагерфелд, кој нуди колекции на облека за мажи и жени, аксесоари и парфеми.

„Тие се многу поврзани со младата публика и длабоко навлезени во модата. Истовремено, „МоделКо“ се совпаѓа со легендарната, разиграна ДНК која е с’ржта на Карл Лагерфелд. Ова помогна да се оствари овој проект креативно, во палета на производи која ја развивме заедно. Чувствувавме дека поради овие атрибути тие совршено си одговараат со нашите ставови и со публиката што сакаме да ја поврземе со нас,“ изјави за партнерството.директорот на фирмата на Лагерфелд, Пјер Паоло Рињи.

Колекцијата, која се состои од повеќе од 50 производи, вклучува кармини, балзами за усни, маскари и четкички за шминка. Производот кој веќе генерира интерес е малата чантичка со печатот на Карл Лагерфелд со мала колекција за усни, бидејќи оваа мала чантичка се смета централно парче во сите колеции на германскиот дизајнер кој живее во Париз.

Колекцијата ќе се продава во продавниците на Карл Лагерфелд и на неговиот вебсајт, како и во продавниците на „МоделКо“ и сајтот на истоимената фирма. Во САД, колекцијата ќе се продава ексклузивно во „Нордстром“.