Куп на Македонија: Пелистер и Шкендија во битка за трофејот
Актуелниот бранител на трофејот во Купот на Македонија, Пелистер, е вториот патник во финалето откако со 3:2 на пенали ја совлада Академија Пандев во реванш натпреварот од полуфиналната фаза.
Првиот натпревар заврши со предност од 2:1 за Пелистер, но на реваншот Академија Пандев успеа да дојде до победа со идентични 2:1.
Битолчани поведоа во 62. минута со голот на Благојче Марковски, но Академија Пандев со погодоците на Јани Атанасов во 71. минута израмни, а Марио Крстовски во 90. минута погоди за победа.
Пласманот во финалето го решаваа пеналите, а во нивната реализација подобра беше екипата на Пелистер.
Претходно Шкендија ја совлада Ренова со 2:0 и обезбеди место во финалето.
Натпреварот ќе се игра на 9 мај, а ФФМ дополнително ќе го одреди местото.