Кривичен суд: Василевски, Арнаудов и Илиевски не штрајкуваат со глад


Притворените пратеници за настаните во Собранието од 27 април минатата година, Сашо Василески и Љубен Арнаудов, како и еден од организаторите на протестите за „За заедничка Македонија“ Богдан Илиевски во овој момент не штрајкуваат со глад, потврдија од Кривичниот суд.

Дел од медиумите повикувајќи се на пишувања на социјалните мрежи од нивните роднини и пријатели објавија дека Василевски, Арнаудов и Илиевски од вчера штрајкуваат со глад во истражниот затвор во Шутка.

На тројцата во текот на минатата недела им беше продолжен притворот од 30 дена, откако Апелацискиот суд ги одби нивните жалби.

Приведените се осомничени за тероризам и уставно загрозување поради нивното учество во настаните од април минатата година во македонскиот Парламент