Која тијара ќе ја носи Меган Маркл на свадбата?
Англија – Која тијара ќе ја носи идната принцеза Меган Маркл за свадбата? Најверојатно, омилената на принцезата Дијана – „Cambridge Lover’s Knot Tiara“.
Оригинално дизајнирана за кралицата Мери во 1914 година, тијарата со бисери во облик на солзи и дијаманти е дел од семејната колекција. Леди Дијана најмногу ја сакаше и ја носеше во неколку кралски пригоди. Кога се разведе од принцот Чарлс, беше принудена да му ја врати на кралското семејство.
Тијарата се враќа во јавноста дури во 2015 година, кога принцезата Кејт ја носеше по свадбата, на прием во Бакингемската палата.
Кејт на свадбата носеше „The Cartier Halo Scroll Tiara“, специјално дизајнирана од Картие во 1936 година за 18. роденден на кралицата Елизабета Втора.
Принцезата Дијана за свадбата носеше „The Spencer Tiara“, која ѝ припаѓаше на аристократското семејство на Дијана. Дијана ја доби како подарок од баба си за свадбата. Таа не е носена од смртта на Дијана и ѝ припаѓа на семејството Спенсер.