Коѕијас: Со Димитров повикани сме да решиме проблем што не го создадовме


Кога ќе има имаме договор и правна ратификација на истиот, тогаш ќе се отвори патот кон ЕУ, вели шефот на грчката дипломатија во одговор на прашањето на МИА, на прес конференцијата по завршувањето на состанокот за иднината на Европа, што денеска се одржа во Сунио.

– Мислам дека од моментот кога ќе се договориме и ќе постои правна ратификација на договорот, патот за да се отворат преговори со Европската унија е отворен. Утре во 10.30 ќе имаме нов круг преговори, доаѓа и Нимиц. Претходните преговори се одржаа во Солун, без негово присуство. Мислам дека ако и двете страни длабоко од срце сакаме да завршиме со проблемот што не би требало да е нерешен. Како што велам со Никола, како министри повикани сме да решиме проблем што не го создадовме, рече Коѕијас.

При тоа тој не даде конкретен одговор дали во духот на денешната дискусија за важноста на европската перспектива на регионот, Грција би прифатила Македонија да добие датум за отпочнување пристапни преговори, доколку претходно нема решение на името.