Коѕијас на Твитер: Сакаа да ме закопаат, заборавија дека сум семе
Никос Коѕијас, кој денеска си поднес еоставка од функцијата министер за надворешни работи на Грција, се огласи и на социјалната мрежа „Твитер“.
„Доаѓа моментот, како што вели поетот, кога мораш да одлучиш каде ќе одиш и кого ќе напуштиш. Работната група и повеќе министри ги донесоа своите одлуки вчера, а јас ја донесов својата. Како и да е, добро е да се потсетиме на стихот: Се обидоа да ме закопаат, но заборавија дека сум семе“, напиша Коѕијас.