Коѕиас: Сложено име за севкупна употреба, останува позицијата на грчката влада


„Во спорот за името, грчката влада преговара и поддржува сложено име кое ќе биде употребувано насекаде она што Грција го презентираше како позиција во Букурешт“, изјави денеска грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас по завршувањето на мини министерскиот состанок во премиерската палата во Атина, кој го закажа грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Коѕиас исто така рече дека верува оти оваа година ќе се решат прашањата во грчката надворешна политика.

Коалициониот партнер во грчката Влада Панос Каменос изјави дека останува на позицијата дека се уште е во сила одлуката од лидерската средба во Грција во 1992 година и оти смета дека преговорите треба да продолжат. Тој рече дека има доверба во грчкиот министер за надворешни работи имам доверба во министерот за надворешни работи и додаде дека преговорите ќе бидат тешки и кога ќе дојде време, „политичките сили ќе треба да го формулираат конечното национално решение“.