„Коха“: Економски договор во замена за укинување на таксите од 100 проценти
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај и европските дипломати усогласуваат „договор на реципроцитет“ меѓу Белград и Приштина за сите економски аспекти во замена за укинување на таксите од 100 отсто на стоки од Србија, пишува весникот „Коха диторе“.
Комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан, според косовскиот весник, го претставил договорот на медиумите.
„Коха“ наведува и дека Хан тој договор веќе го претставил на претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи на Светскиот економски форум во Давос.