Косово не доби доволен број гласови за прием во Интерпол
Косово не успеа да обезбеди доволен број гласови за прием во Меѓународната полициска организација, ниту по вториот круг на гласање на денешното заседание на Генералното собрание на Интрепол што се одржува во Дубаи.
Како што јави „Газета Експрес“, Косово не успеа да го обезбеди неопходното двотреринско мнозинство гласови за прием во еден од најважните безбедносни механизми во светот.
РТС пак јави дека во вториот круг, за прием на Косово гласале 68 земји членки на Интерпол, 51 биле против, а 16 воздржани.
Во првиот круг на гласање за прием на Косово во Интерпол, 76 земји се изјаснија за, 56 беа против, а 22 воздржани.
Ова беше трет обид на Косово за влез во Интепрол, по оние во 2010 и 2015 година. Властите во Приштина најавуваа дека ќе се обидат до обезбедат прием и на Собранието на Интерпол во 2017 година во Кина, но ја повлекоа кандидатурата во пресрет на гласањето.