Кондовец ја претепал сопругата пред малолетните деца
Триесет и тригодишна жена од скопското село Кондово била претепана од страна на нејзиниот сопруг. Инцидентот се случил во четвртокот околу 14 часот во семејниот дом. Насилниот маж ја влечел за косата и ја удирал по главата, лицето и телото, а потоа го зел нивниот осумгодишен син и заминал. Несреќната жена изгубила свест, па другите две малолетни деца поабарале помош кај соседите. Повикана била Итна медицинска помош, по што жената е префрлена во Градската општа болница.
„Се работи на целосно расчистување на случајот“, дополнуваат од МВР.