Компани: Титулата може да почека, се насочуваме кон Лигата на шампионите


Манчестер сити со победа на градското дерби против Манчестер јунајтед на пет кола пред крајот сезоната може да ја обезбеди шампионската титула во Англија.

Меѓутоа, капитенот на „граѓаните“ Венсан Компани наведува дека не би му пречело да го одложат освојувањето на титулата со цел да се подготват за реванш натпреварот против Ливерпул од четвртфиналаната фаза на Лигата на шампионите.

Претходно и Гвардиола истакна дека некои од клучните играчи ќе ги одмара на натпреварот со Јунајтед, бидејќи не сака да ризикува.

– Во Лигата на шампионите имаме само една шанса, а во Премиерлигата имаме доволно можности да ја завршиме работата. Никогаш не било вака, но мора да ги одредиме приоритетите. Натпреварот во сабота го сфаќаме сериозно, бидејќи знаеме колку е важен за навивачите. Но, потоа ќе се фокусираме кон незавршената работа што ја имаме во Лигата на шампионите, потенцираше Компани.

Манчестер сити со високи 3:0 беше поразен од Ливерпул.