Компанија за накит ја тужи Сара Џесика Паркер заради непрофесионалност


САД – Нејзината колекција венчаници од 10 тоалети е промовирана оваа седмица. Но, ѕвездата на „Сексот и градот“ Сара Џесика Паркер, исто така, се соочува со тужба поднесена од страна на компанијата за накит „Кет Флоренс Дизајн“, според порталот „Пејџ Сикс“.

Вебсајтот откри дека таа е тужена поради тоа што „не успеала да ја промовира“ нејзината колекција во рамки на компанијата. Фирмата за накит вели дека актерката потпишала договор од 7.5 милиони долари во октомври, 2015 година. Компанијата „Кет Флоренс“ на филмската ѕвезда ѝ платила 5 милиони долари однапред за да се здобијат со правото да го користат нејзиниот лик и име за нивната дијамантска колекција наречена „Сара Џесика Паркер Ди-Флолес“, вели порталот.

Федералната тужба, поднесена во Менхетен минатата седмица, вели дека според договорот, ѕвездата требала да биде слободна за да ја отвори нивната продавница во Лондон и да го промовира накитот за време на настани.
Таа се наоѓала во Лондон за време на отворањето на продавницата, но не се појавила на истото, по што настанот морал да се откаже. Актерката била во Лондон за да го промовира нејзниот нов парфем.

Според вебсајтот, документат вели: Непојавувањето на Паркер на настанот резултираше во загуби за линијата, загуби за лондонската продавница, губењето на добрата волја и оштетување на репутацијата на компанијата.“

Исто така, компанијата тврди дека Паркер била „недостапна“ цели четири месеци во 2016 година, бидејќи го снимала нејзиното шоу „Развод“ – истата година кога брендот планираше да се промовира.

Компанијата вели дека филмската ѕвезда не направила фотографии со Кет Флоренс, претседателот на компанијата, за време на наградите „Златен глобус“ во 2017 година, каде таа требало да го промовира накитот. Не учествувала на интервјуа да го промовира брендот, преферирајќи да ја промовира нејзината тв-серија.
Од фирмата тврдат дека таа дури не го ни следела Инстаграм профилот на „Кет Флоренс“: Паркер одби да го направи дури и наједноставниот тип на маркетинг и промоција, како што е следењето на нашиот профил на Инстаграм.“
„ТМЗ“ вели компанијата замолила таа да носи парче накит на нејзините фотосесии за списанија и да зборува за накитот во 12 интернационални списанија секоја година.

Представникот изјави за порталот: „Кет Флоренс“ го повлекува договорот со Паркер. Тие одбиваат да компензираат за нејзините исполнети обврски според договорот и да продолжат да го користат нејзниот лик за маркетинг цели и публицитет за да го промовираат нивниот бренд.“