Кои се актерите што ќе ги глумат Слободан Милошевиќ и Мира Марковиќ?


Откако пред два дена беше објавено дека авторката Јелена Богавац заедно со режисерот Ненад Тодоровиќ го подготвуваат мјузиклот за животот и влијанието на Слбоодан Милошевиќ и неговата сопруга Мира Марковиќ.

На социјалните мрежи веднаш почна да се шпекулира кои актери би можеле да го глумат Милошевиќ, а кои актерки да бидат во улогата на неговата сопруга. но, тоа нема да бидат актери кои се извикани на овие простори, туку ролјите им се доделени на Дејан Цицмиловиќ од Народното позориште во Ниш и Ивана Ковачевиќ од ансамблот на Народното позориште во Приштина со привремено седиште во Грачаница.

Богавац го напиша текстот и песните, а музиката е на Марко Грубиќ. Сценографијата е на Вук Даутовиќ, додека пак костимографијата е на Александар Ковачевиќ.

Во фокусот на оваа претстава ќе биде периодот од деведесетите и владеењето на Милошевиќ се до негвото апсење во Хаг.
Претставата ќе биде во изведба на Српското народно позориште од Грачаница.

Претставата е со работен наслов „Слободан шоу“, а ќе гостува низ повеќе градови во Србија.

– Се одлучивме за ваков проект бидејќи судбината на Косово е директно поврзана со почетокот и крајот на владеењето на Милошевиќ. Во политичка смисла остана отворено прашањето дали Милошевиќ е балканскиот касап или жртвено јагне, но на тоа одгвор ќе даде историјата. Нашата уметничка задача е храбро и одговорно барање на одгворот за прашањето на сопствениот идентитет – вели Богавац.

Во претставата учествува целиот ансамбл од Грачаница и хорот „Гли Србија“.

– Овој хор се состои од млади лица кои се последните „бебиња на Милошевиќ“, родени во 1994 и 1995 година. Оваа генереација речиси и не се сеќава на ништо од неговиот период на владеење, ниту имаат некаков однос кон него. нивните први спомени од детството е периодот на бомбардирање – вели Богавац.