Клоп: Им предложив на играчите да истрчаат целосно голи на тренинг


Ливерпул се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако го елиминираше Манчестер Сити со вкупен резултат 5:1 и така се квалификуваше за полуфиналето најелитното клупско фудбалско натпреварување.

Фудбалерите на Јирген Клоп играат одличен фудбал оваа сезона, а во тимот се истакнува Мохамед Салах, кој дефинитвно е најдобриот играч од средниот ред во англиското првенство со 30 гола.

Салах е најголемата ѕвезда на Ливерпул, а ова е потврдено и од самиот тренер.

– Пред натпреварот со Манчестер Сити им реков на момците: „Ајде сите да излеземе на тренинг сосема голи. Во секој случај, никој не би забележал, сите го гледаат само Салах“. Сега одиме во Рим и нема да има помал притисок, но тоа е во ред, рече денеска Клоп.

Ливерпул во полуфиналето на Лигата на шампионите игра против Рома, а во Премиер лигата е на третото место.

– Момците создадоа навистина добра атмосфера. Во секој успешен тим, атмосферата треба да биде одлична. Можете да имате многу добри играчи, но тоа не мора да значи дека ќе има добра атмосфера во тимот, вели Германецот.

Најодговорен за одличната атмосфера во редовите на англискиот гигант и според многумина, најдобриот играч моментално во Европа, прокоментира како се чуствува во тимот од „Енфилд“.

– Од првиот ден во Ливерпул сакав да направам нешто големо. Во Челзи не добив шанса, и кога дојдов тука сакав да покажам каков фудбал можам да играм. Кога заминав на Премиер лигата, на сите им реков дека ќе се вратам, и штом ја добив таа можност , јас се вратив. Сами можете да ја видите разликата во споредба со претходните години. Секој месец, недела, ден, јас треба да се докажувам на самиот себе и на навивачите. Учам од своите грешки и се обидувам да работам на нив како личност и како играч, рече Салах.