Клаус Тепфер именуван за посредник на ЕУ за енергетскиот спор меѓу Србија и Косово
Европската унија го именува поранешниот германски министер за животна средина Клаус Тепфер за посредник во решавањето на енергетскиот спор меѓу Белград и Приштина.
Тепфер во изјава за „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ наведува дека следната недела ќе отпатува во Белград и Приштина, на средби со премиерите на Србија и на Косово, Ана Брнабиќ и Рамуш Харадинај.
– Станува збор за решавање на проблемот и подигнување на свеста на двете страни за важноста на ова прашање, нагласи Тепфер.
Европската аоцијација на операторите на електродистрибутивните мрежи вчера соопшти дека поради политичкиот спор меѓу Косово и Србија за енергетските прашања дошло до недоволното снадување со електрична енергија на европската електромрежа, поради што е придизвикано отстапувањето од стандарната фреквенција на струјата во Европа од 50 херци.
Вваквото отстапување од стандардната фреквенција резултирало со доцнење на дигиталните часовници ширум Европа. Според Асоцијацијата, овој проблем започнал кон средината на јануари и досега е проширен на 25 европски држави – „од Португалија до Полска и од Грција до Германија“.
Поради намалувањето на фреквенцијата на струјата, електричните часовници доцнат по околу шест минути, се наведува во соопштението на Асоцијацијата, која најави дека работи на изнаоѓање техничко решение за проблемот и дека за неколку недели „системот ќе се врати во нормален режим на работа“.
„Електромрежата на Србија“ (ЕМС) вчера соопшти дека овој проблем со фреквенцијата бил предизвикан од недостигот на 113 гигават часови електрична енергија, што требало да ги дистрибуира „Косовскиот електродистирбутивен систем“ (КОСТТ)