Кирил Лазаров ќе игра само ако е потребно
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров денешниот ден го мина на дополнителни прегледи во Загреб, од каде допатува во Вараждин за дуелот со Чешка.
Во скромните информации што доаѓаат од македонскиот табор е најавено дека Лазаров ќе настапи доколку биде потребно.
Лазаров се појави и на загревањето на репрезентацијата на Македонија пред дуелот со Чешка.