Кили го продава својот стан во Капиштец: Вреди многу повеќе, но итно е
Познатиот макеоднски актер Кирил Поп Христов објави дека го продава својот стан во скопската населба Капиштец.
Тој вели дека никогаш не сакале да го продадат, но сега е итно.
-Вреди многу повеќе од вистинската вредност. Јас го продавам далеку под неговата, зашто е ургентно! – пишува Кили на својот профил на Фејсбук.
Актерот Кирил Поп Христов повеќе од три и пол години живее во еквадорското село Манглар Алто и првпат по неговото отселување се врати во Македонија пред неколку месеци.
Токму „Независен весник“ тогаш го направи првото интервју со актерот по негово враќање, а разговорот го водевме во неговиот стан во Капиштец.
Во тој разговор Кили рече дека одлично е чувството повторно да се врати во Македонија, но дека сепак ќе се врати во Еквадор.
Разговорот може да го прочитате ТУКА.