Кејси Афлек се повлече од Оскарите 2018
САД- Ланскиот „оскаровец“ Кејси Афлек нема да биде доделувач на церемонијата за „Оскарите“ на 4 март во лос Анџелес, поради обвинувања за сексуално вознемирување, соопшти портпаролката на тимот за организација на свеченоста.
И гласноговорничката на Афлек потврди дека тој нема да се појави на бината, притоа не соопштувајќи други детали.
Афлек е обвинет за сексуално вознемирување пред доделувањето на „Оскарите“ во 2010 година. Две членки кои работеле со него на филм, го обвинуваат дека „им се пуштал“, но и двата случаја се решени вонсудски, пренесува Танјуг.