Кање Вест и подари на Ким обврзници вредни стотици илјади долари


САД- Старлетата Ким Кардашиан сподели на Инстаграм дека нејзиниот сопруг, хип-хоп могулот Канје Вест, ѝ подарил обврзници од Амазон, Епл, Нетфликс, Дизни и Адидас.

„Океј, значи еден од Божиќните подароци што ги добив од Канје беше мала кутија со играчка Мики Маус од Дизни, Епл музички слушалки, Нетфликс и Амазон картички и Адидас чорапи, а јас на ова реков: Колку симпатично! Благодарам!“ рече Кардашиан на нејзиното Инстаграм видео.

Во друго видео, означено како „Аларм за најдобар сопруг!“, Кардашиан откри што впрочем значел првиот мал подарок.

„Но, потоа го отворив следнито подарок, и во него имаше обврзница од Амазон каде што ја купил картичката, обврзница од Нетфликс, обврзница од Епл, оттаму и малите слушалки, Адидас обврзница и Дизни обврзница.“

Според видео-клипот, Кардашиан поседува 920 обврзници од Дизни, проценети на отприлика 100 илјади долари. Таа исто така поседува 995 обврзници од Адидас. Акциите на Адидас се вредни 169.40 евра, така што нејзините обврзници вредат 199.920 илјади долари.

Сѐ уште не се знае колкав број на обврзници таа поседува од технолошките компании бидејќи тие се покриени со други сертификати. Тие три, кои се дел од таканаречените „ФААНГ“ обврзници, беа на врвот во 2017 година. Акциите на Нетфликс се искачија за 51% оваа година, додека Епл постигна 47%, а Амазон 56%.