Катица Јанева ќе го контролира Заев


 

Министерот за правда Биљен Саљији, неговиот заменик Оливер Ристовски, јавниот обинител Љубомир Јовевски, по еден претставник од Апелационите судови во Гостивар, Битола, Штип и Скопје, по еден претставник од Основните судови Скопје 1 и 2, како и специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева ќе биде дел од советодавното тело кое ќе следи како ќе се спроведуваат реформите што ги предвидува стратегијата во правосудството. На чело на Советот ќе биде премиерот Зоран Заев.

Нема да има членови кои биле носители на одредени негативни појави во судството. Во однос на Врхониот суд ќе имаме претставник од Врхвниот суд и претставник од Адвокатската комора. Идејата е ова советодавно тело да содржи практичари и луѓе кои во текот на годините имаат искуство за тоа што и како треба да се смени, не само практичари од институции. Составот е внимателно е избран. Според ова објаснување, не навлегуваме кој и во кои аспекти работи во правосудство. Ни требаат практичари врз основа на стратегијата“, посочи владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.

Формирањето на овој Совет е дел од правосудните реформи кои ги предвидува Планот 3-6-9. Според најавите на Заев, тој требаше да биде формиран до крајот на јануари, но конечната одлука за неговото формирање и за неговиот состав беше донесена вчера на педесет и седмата владина седница.