Касиљас го продолжи договорот со Порто
Искусниот шпански голман Икер Касиљас го продолжи договорот со португалскиот клуб Порто за уште една година.
Сезонава 36-годишниот Касиљас со Порто го освои португалското првенство, по што клубот му понуди договор за нова соработка.
Според португалските медиуми тој се согласил за помала плата да остане во клубот.
Касиљас се смета за еден од најдобрите голмани во светот, а пред доаѓањето во Порто бранеше за Реал Мадрид во периодот од 1999 до 2015 година.