Каролина со Македонска филхармонија на 15 и 16 февруари
Поп-ѕвездата Каролина Гочева-Корубин, за прв пат во својата кариера ќе се претстави во живо на концерт, заедно со комплетниот состав на Македонската филхармонија.
Концертите се закажани во деновите на љубовта, на 15-ти и 16-ти февруари , а на репертоарот се песните од проектот „Македонско девојче“, „Извор“ и некои од најубавите песни од претходните албуми на Каролина во живо, во комплетно нови аранжмани.
Влезниците во максимално ограничен број по цена од 1.000 денари ќе бидат пуштени во продажба од утре во 9 часот наутро онлајн и на продажните места на Авалон.