Караџоски повикан на распит во Обвинителство


Претседателот на Судскиот совет Зоран Kараџоски, утринава е повикан на распит во Јавното обвинителството.
Караџоски треба да даде исказ во врска со додатоците на плати на членовите на Судскиот совет.
За потсетување во декември 2018 година членовите на Судскиот совет донесоа одлука да си ги зголемат нивните плати и платите на судиите за 35 отсто, со што нивните плати беа зголемени за 21.000 денари.
Информацијата ја објави Синдикатот на УПОЗ.