Кан 2018: Гламур, голотија и модни гафови


Франција-71-вото издание на Канскиот филмски фестивал се отвори со раскошна церемонија во Кан, Франција. Славите ѕвезди ги прошетаа своите специјални креации за овој голем ден и блеснаа во полн сјај.

Светската премиера на филмот на Асгар Фархади “Сите знаат”, со Пенелопе Круз и Хавиер Бардем главните улоги го обележа стартот на престижниот фестивал.

Ова е второ остварување на шпански јазик, кое го отвори Кан, по  “Лошо образование” на Алмодовар во 2004 година.

Сопружници во приватен живот од 2010 година, Пенелопе Круз и Хавиер Бардем беа чести гости на Кан. Таа во 2006 година освои награда за женска улога во “Ќе се вратам”, а тој последен пат беше на Кроазета во 2016 година, кога го претстави филмот на Шона Пен “The Last Face”.

Пенелопе се појави на фестивалот во безпрекорно издание, а за нејзиното стајлинг сите зборуваа. Тамните нијанси таа ги спои со жолто парче, а многумина забележаа дека линијата ја довела до совршенство.

Во годината инспирирана од движењето “MeToo”, Канскиот филмски фестивал е исто така “најмногу женски” , со мнозинство од 25 познати жени и со кои претседава оскаровката Кејт Бланшет. Во жирито се и ѕвездите Кристен Стјуарт и Леа Сејду. 71.Кански филмски фестивал ќе трае до 19 мај.

Мексиканската актерка Патриција Контрерас синоќа направи метеж на црвениот килим кога ненајдено и се појави градата од под фустанот. Водителка Хофит Голан и притрча на помош и го поткренаа деколтето на Патриција.