Канчевска Милевска не чувствува вина за „Тендери“


Го прочитав обвинителниот акт, но како текст и не можам да најдам каде има злоупотреби од мене и од Комисијата. Затоа не чувствувам вина“, рече Елизабета Канеческа-Милевска, поранешната министерка за култура, која е прва од трите обвинети во предметот „Тендери“.

Слично како и екс-министерката, настапија и обвинетите Лидија Лазарова-Цветковска и Јулијана Угриновска, со тоа што второобвинетата, во својата првична одбрана, појасни како функционира Законот за јавни набавки, а третобвинетата кажа дека, од пред две години, е замината во пензија, но дека никогаш порано не била во судир со законот.
Денешното судско рочиште почна со извесувања од судот за бројните барања и приговори на одбраната на трите обвинети, а меѓу кои е и вештиот наод и мислење, изработен на 700 страници од фирмата „ЕОС Консалтинг“ и кој се однесува на градежната доизведба на таканаречниот Музеј на ВМРО, односно на тендерот кој што го доби АДГ „Бетон Штип“.
Целиот текст на правосудство.мк.