Калиопи ја компонираше музиката на претставата „Госпоѓиците од Авињон“ во режија на Ненад Витанов
На 21 февруари на малата сцена во МНТ, во 20 часот, премиерно ќе биде изведена претставата „Госпоѓиците од Авињон“. Оваа праизведба е работена по драмскиот текст на Сашо Димоски, а во режија на Ненад Витанов.
Со праизведбата на овој текст, Македонскиот народен театар чествува еден голем јубилеј: сто и десет години откако Пикасовата „Госпоѓиците од Авињон“ за прв пат ја виде светлината на денот и беа поставени првите постулати на Кубизмот.
Во претставата играат: Искра Ветерова, Софиа Насевска – Трифуновска, Звездана Ангеловска, Гордана Ендровска, Ана Стојановска и Васил Зафирчев.
Композитор на музиката е Калиопи Букле, сценографијата е на Филип Витанов, а костимограф е Тања Кокев.
Следната изведба е закажана за 22 февруари (четврток) во 20 часот, а билетите за премиерата и првата реприза се веќе пуштени во продажба на билетарницата на МНТ.