(Видео) Како специјален претставник на ОН: Џоли ги посети сириските бегалци во Мосул
САД– Холивудската ѕвезда Анџели Џоли посети камп за сириски бегалци во северен Ирак како специјален претставник на ОН, пренесе Ројтерс.
„Ова е најголемо уништување кое го видов за сите години колку што работам со УНХЦР“, порача Џоли.
Како што рече таа, луѓето во овој дел на Ирак изгубиле сè, станале сиромашни, немаат лекови за децата… Поголемиот дел немаат ни питка вода.
Џоли истакна дека луѓето, со ограничена помош се обидуваат повторно да ги изградат своите домови. Таа порача дека на овие луѓе им е потребна помош и дека стабилноста на градот е неопходна за стабилноста на цел Ирак и за регионот во иднина.
Актерката претходно ги посети бегалците кои поради нападите на ДЕАШ мораа да ги напуштат своите домови.