И Белгија планира да го прекине извозот на оружје во Саудиска Арабија


Белгија – Белгиските власти размислуваат повторно да го стопитраат извозот на оружје воСаудиска Арабија, овој пат поради убиството на новинарот Џамал Кашоги.

За тоа прашање ќе одлучуваат властите во Валонија и федералната Влада.

Саудиска Арабија минатата година беше најголем клиент на валонскиот воено индустриски комплекс. Ријад купи оружје во вредност од 153 милиони евра.

Белгискиот Парламент во јуни минатата година усвои резолуција со која ги повика локалните власти да го стопираат извозот на оружје Саудиска Арабија. Апелот беше поврзан со нападите во Брисел во 2016 година и поврзаноста на Ријад со проповедањето во најголемата белгиска џамија.