Исчезнат малолетник од домот „25 мај“ вчера бил пронајден


Ноќеска, еден час и 10 минути по полноќ, на ул. „Благоја Стефковски“ во Скопје, од страна на полициски службеници било пронајдено 12-годишно дете кое било штитеник на Домот „25-Ти Мај“.

Детето било пријавено за исчезнато.

Малолетникот е предаден на полициски службеници од Одделението за малолетничка деликвенција Чаир за понатамошна постапка.