Исчезнат е претседателот на Здружението на бранители од Куманово Предраг Петрушевски


Членови на семејството на претседателот на Здружението на бранители од Куманово Предраг Петрушевски Бинго бараат помош од граѓаните да го пронајдат нивниот татко и сопруг кој е пријавен за исчезнат.

Ќерката на Петрушевски на својот фејсбук профил информира дека татко и, поранешен бранител, е исчезнат од вчера и дека му се губи секаква трага од 09:15 часот.

– Претпоставуваме дека е со автомобилот (пежо 406, сиво, KU 1998 AC). Телефонот му е дома. Облечен е во црна кожна јакна и фармерки. Ако некој го види или го има видено нека се јави на 077/516-543 или нека ми пише на профилот, стои во објавата ќерката на Петрушевски, Кристина.

Таа информира дека случајот е пријавен во полиција.

И од МВР потврдија дека лицето е пријавено за исчезнато во текот на денешниот ден од страна на член на семејството.

Петрушевски во декември 2014 година беше недостапен на мобилен за неговото семејство, беше пријавен за исчезнат, но набрзо беше најден во неговата викендичка.