„Исцелител“ на 17. Фестивал на медитерански филм во Брисел


Филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески вечер ќе биде прикажан на 17. Фестивал на медитерански филм во Брисел. Ќе се натпреварува во официјалната натпреварувачка програма, а утре ќе има и второ прикажување.

Фестивалот на медитеранскиот филм во Брисел се одржува секоја година во декември и има компетитивна програма, премиерно прикажани филмови, најдобри филмови и документарци, дискусии, средби со режисери, како и концерти, диџеи и медитерански пазар.

Светската премиера на „Исцелител“ беше на Солунскиот филмски фестивал каде што ја освои наградата од публиката. Филмот беше селектиран и на два фестивала од А категорија – интернационалниот филмски фестивал во Индија – Гоа (ИФФИ) и меѓународниот филмски фестивал „Црни ноќи“ во Талин.

Првиот долгометражен игран филм на Ставрески сега се прикажува во Милениум и Синеплекс во Скопје, а од 21-ви до 24 декември ќе се прикажува и во 3Д Кино Битола.