Истражување на Галуп: Поддршката за лидерство во Македонија во пораст


Резултатите од последното истражување на Галуп, спроведено во 134 земји, покажува дека просечното ниво на одобрување на лидерството на САД предводени од претседателот Доналд Трамп опаднало на 30 отсто, додека пак во Македонија таа подршката е во пораст.

Во последната година од Администрацијата на претходникот на Трамп, Барак Обама, подршката на САД во светот била многу поголема – 48 отсто, додека за време на последната годнина на Џорџ Буш таа изнесувала 34 проценти, се вели во извештајот.

Според Галуп, просечното ниво на неодобрување на политиката на САД во светот лани пораснало за рекордни 43 отсто.

Имиџот на САД опаднал во 65 земји, многу од нив сојузници на Вашингтон. Така, подршката на САД во Канада, Норвешка, Белгија и Португалија е намалена за 40 поени, додека пораст е забележан во Израел, Македонија, Либерија и Белорусија.

Конкретно во Македонија, рејтингот се подобрил за 15 процентни поени во однос на претхдната година.

Деловите од светот каде имиџот на САД е најлош се Северна и Јужна Америка. Во овие региони просечната подршка на актуелната политика на Трамп е 24 проценти, двојно помалку од поддршката на САД во последната година од мандатот на Обама.

Според Галуп, рејтингот на Трамп не е подобар ниту во Европа, каде опаднал до 25 отсто, додека во Азија тој се намалил до 30 отсто.

Најголема подршка на актуелната политика на САД има во Африка, каде таа изнесува 51 отсто. Сепак, треба да се земе предвид дека анкетата на Галуп е спроведена пред навредливите коментари на Трамп за Хаити, Ел Салвадор и Африка.

Рејтингот на Трамп во САД е сепак за малку повисок од оној во светот и изнесува 39 отсто.