Инфлацијата во еврозоната во декември падна на 1,6 отсто


Инфлацијата во еврозоната во декември забави на годишна стапка од 1,6 отсто, според прелиминарните податоци што ги објави Евростат.

Пониските цени на нафтата помогнаа да се спречи зголемување на потрошувачките цени за сите видови енергија на 5,5% во просек, во споредба со 9,1% во ноември, објави АФП.

Вкупната инфлација во 19-члената еврозона беше 1,9% во ноември, а аналитичарите анкетирани од „Фасет“ очекуваа само мал пад до 1,8% минатиот месец. Европската централна банка е насочена кон монетарната политика за намалување на инфлацијата која би се движела нешто под 2,0%.

ЕЦБ неколку години ја задржа референтната каматна стапка околу нула, а аналитичарите очекуваат знаци на зголемување на трошоците за позајмување подоцна оваа година.