Илон Маск ќе ја претстави новата „тесла“ на 14 март


На 14 март во Лос Анџелес ќе биде претставен новиот компактен кросовер „тесла“, објави на Твитер претседателот на автомобилската компанија „Тесла моторс“, Илон Маск.

Тој најави дека новиот електричен автомобил ќе биде за 10 отсто поскап од моделот „тесла 3“.

Кросоверот ќе ја има шасијата на „модел 3“, а некои од техничките и стилски решенија ќе бидат земени од постариот модел – „модел Х“.

Според првичните информации, новиот модел ќе има два мотора кои ќе бидат лоцирани на предните и задните оски. Автомобилот исто така ќе се продава со два различни капацитети на батерии.