Илинденски концерт на Владо Јаневски во Охрид
Поп-ѕвездата Владо Јаневски по пауза од скоро 10 години, ќе одржи голем концерт во живо во Охрид , во Антички театар, по одложениот во јуни.
Вечерта на Илинден (2 август) од 22 часот, публиката ќе може да ги слушне апсолутно сите хитови на Јаневски, кој оваа година слави јубилеј- 25 години од неговата соло кариера.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од денес онлајн преку avalon.mk, продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и Југотон. Цените за партер се 500 денари, а на трибините-800, информира организаторот „Авалон продукција“.
Денес напладне, поп-ѕвездата во Скопје го промовира спотот за новата песна „Главен град на тагата“.