Изјава на Мицкоски по средбата со Гаши: Не е на мое ниво да го коментирам ултиматумот на Џафери


Денеска имавме средба со господинот Гаши. Разговаравме околу актуелната економска и политичка ситуација во државата. Разговаравме за сите теми кои се актуелни во моментот во државата, повеќе беше протоколарна средбата на негово барање се разбира.

Ги претстави идните погледи и визија за како понатаму планираат како партија да се развиваат се разбира. Ние дадовме наши факти и аргументи како ја гледаме моменталната политичка ситуација во државата. Така да генерално тоа беа темите актуелни и во изминативе денови.

Господине Мицкоски најавена беше лидерска средба, се шпекулираше во медиумите за законот за јазици, има ли нешто од тоа? Дали сте биле информирани? Дали ќе присуствувате?

– Нема таква иницијатива како што самите кажавте тоа е на ниво на шпекулација. Како сериозен човек не коментирам шпекулации.

СДСМ најавија политички дијалог за законот за јазиците. Дали ќе му дадете шанса на дијалогот?

– Мислам дека ние бевме тие што први повикаа на дијалог, формирање на работни групи што ќе бидат составени од сите политички партии кои што се парламентарни, вклучување на експертската заедница, професорите се разбира и претставници на МАНУ, претставници на кабинетот на претседателот, а се со цел да го подобрат квалитетот на предлог решението. Ако зборуваме за законот за јазиците.

Токму во врска со законот за јазиците ние побаравме пред неколку недели. Можеби не сте ги следеле нашите прес конференции, но еве да ве потсетам, пред неколку седмици кога почна оваа постапка на трето читање на законот за јазици во Собранието на Република Македонија, побаравме формирање на работни групи кои што ќе бидат составени од претставници на сите парламентарни политички партии, претставници на МАНУ, претставник од кабинетот на претседателот, а се со цел подобрување на квалитетот, уставноста на законот, а она што е најважно целта на овој закон е да донесе бенефит во Република Македонија, а тоа е неговата применливост.

Има ли разговори помеѓу вас и СДСМ?

– За време на викендот во саботата во истата оваа зграда присуствуваше господинот Али Ахмети. Тогаш во изјава кажав отприлика што е дискутирано на таа тема. Истото беше зборувано за време на средбата со премиерот во владата. Нашите позиции се апсолутно јасни и непроменливи и остануваме на она што претходно го имаме комуницирано, а сега го повторивме.

Што ќе се случи во оваа престојна недела, што ви ја даде како рок Талат Џафери на сите партии за да се договорите?

– Ултиматум не коментирам. Прво не е на мое ниво да коментирам таков тип на изјави. Нашиот став е прилично јасен, дециден, концизен и нуди решение за излез од оваа ситуација. Како држава и како Влада бидејќи се декларираат дека се реформска, треба да им дадат приоритет на реформите. Тоа е она што треба да не води во иднина. Тоа е она што во оваа држава треба да се развива. Видовме еден катастрофален резултат за четвртиот квартал за растот на бруто домашниот производ кој што е буквално ист како оној кој што ние го комунициравме изминативе денови. А тоа е дека Македонија има катастрофален раст на економијата и во 2017 година е закована на дното со нула проценти додека светска економија бележи раст. Треба да имаме конечно одговорност да видиме што е она што е приоритет во оваа држава. Ако некој мисли дека партиски агенди се приоритет за развој на оваа држава ние не мислиме.

Но еве и покрај сето тоа ние нудиме решение за излез од оваа наметната криза. Ајде да се фокусираме на реформите она што не води напред, нуди поквалитетен живот за граѓаните. Тоа треба да биде приоритет на сите политичари во оваа држава, затоа што ќе ни се случуваат повторно вакви фаули во секој сегмент како што впрочем ни е секојдневие во оваа држава. Ние имаме секојдневие каде што граѓаните се разочарани, каде што имаме сведочења од граѓаните за се полошиот квалитет на нивниот живот. Тоа е приоритет за ВМРО-ДПМНЕ да работи во интерес за граѓаните и во интерес на државата.

Господине Мицкоски имате луѓе во паријата кои ги гони Јавното обвинителство и Специјалното јавно обвинителство, вашиот поранешен претседател кој секој ден е на суд го направивте почесен претседател, продолжувате со истата политика иако најавивте нов пристап со Албанците еве некое време го блокирате Собранието заради албанскиот јазик. Која е разликата помеѓу вашето ВМРО и она на Груевски ?

– Тоа е ваш заклучок и не би сакал да го коментирам. Ваш заклучок е дека го блокираме и јас штотуку понудив решение и штотуку понудивме решение за излез од оваа криза. Инаку да вашата констатација е точна, почесниот претседател е секој ден во судница, исто како што имаме и претходен почесен претседател кој во 2003-тата имаше промена на претседателската позиција во ВМРО-ДПМНЕ, ако беше тоа прашањето да го потврдувам вашето прашање, а инаку НЕ, напротив ние не само што не го блокираме, туку и нудиме решение како оваа држава да се развива во иднина, како со граѓаните наши Албанци, Турци, Роми, Срби да имаат поквалитетен живот, како Македонија да споделува европски вредности, како да го подобриме судството, како да го подобриме образованието, квалитетот на живот на нашите сограѓани, тоа се нашите темелни вредности и тоа е одлуката како оваа држава треба да се развива.

Господине Мицкоски дали можете да се констатира дека нема да водите дебата за законот за јазици во оваа форма во која што е сега во Собранието?

– Апсолутно ние имаме поднесено согласно процедурите амандмани, тие амандмани се влезени во собраниска процедура, очекуваме почитување на деловникот за работа на Собранието, очекуваме почитување на законите, очекуваме почитување на Уставот. Како партија се залагаме исклучиво за почитување на правото и ништо поинаку нема да прифатиме.