Измените за паралелниот увоз на лекови пред Комисијата за здравство


Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за здравство и за прашања на изборите и именувањата, како и Законодавно-правната комисија.

Паралелниот увоз на лекови е причина за измени и дополнувања на Законот за лековите и медицинските средства, кои во прво читање денеска се на дневен ред на Комисијата за здравство.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се предлог одлуки за промена на членови на собраниски комисии, за основање пратенички групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави и избор на нивни членови на пратеничките групи на Собранието, избор на членови на делегациите на Собранието ПС НАТО, во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, на Делегацијата ПД ЦЕИ, како и избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците и Националниот совет за евроинтеграции.

Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.