Изложба на македонски автори во Созопол во рамки на проектот „Поврзување“


Во Центарот за уметности, локални занаети и традиции, сместен во стариот дел на Созопол, синоќа во 18.30 часот беше отворена групна изложба на автори кои се од Македонија но живеат, работат или студираат во Бугарија.

Се работи за проектот „Поврзување“ со кој Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија четврти пат учествува на Меѓународниот франкофонски фестивал „Солеј“ во приморскиот бугарски град Созопол.

На изложбата учествуваа македонските уметници: Маријана Иванова, Марјан Ѕин, Перица Георгиев, Зоран Мише, Иво Пецов, Слободан Милошески, Горан Тричковски и Павел Целкоски.

Во Киноклубот на читалиште „Отец Паисиј“, пак, се прикажуваат македонските филмови „Златна петорка” на Горан Тренчовски (2016) и „Пикасо“ на Аљоша Симјановски (1987).