Изложба на дела од Славко Јаневски и Томе Серафимовски


Масла на платно од Славко Јаневски и скулптури во бронза од Томе Серафимовски ќе бидат претставени на изложба која вечер од 20 часот ќе биде отворена во Музејот на град Скопје.

Организатор на изложбата е Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“ која соопшти дека ќе бидат претставени повеќе од 50 дела на овие двајца бардови на македонската култура.

Куратор на изложбата е Емил Алексиев, за делата и уметниците ќе говорат Кирил Пенушлиски и Ерол Ризаов, како еден од основачите на Фондацијата, стихови од Јаневски ќе  чита Висар Вишка во музичка придружба на гитаристот Тони Китановски.

– За разлика од творештвото на Серафимовски, ликовното дело на Славко Јаневски помалку ѝ е познато на јавноста и ова ќе биде уникатна можност публиката одблиску да се запознае со овој сегмент од уметничкото творештво на нашиот великан, соопшти Фондацијата „Славко Јаневски“.