Издадена 16.емисија обврзници за денационализација
Државата денеска ја емитуваше 16-тата емисија обврзници за денационализација во износ од осум милиони евра.
Министерството за финансии соопшти дека со 16. емисија се опфатени сите правосилни решенија за денационализација од 1 февруари 2016 година до 31 јануари 2017 година, за кои како надомест се доделени обврзници.
Тргувањето со обврзниците за денационализација се врши на Македонска берза АД Скопје, со посредство на брокерските куќи и банките – членки на Македонската берза.
Пред рокот за нивното достасување, граѓаните може да ги користат обврзниците за денационализација за отплата на становите во општествена сопственост.с