Кржаловски, Нелоски и Василевска нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Лука Кржалоски, Владимир Нелоски и Иванка Василевска се нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната седница, со едногласна поддршка го изгласа Лука Кржалоски за нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ . Според Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на УМС е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Досегашниот претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски останува во највисокото партиско тело на партијата. Нелоски беше претседател на УМС цели четири години.
За нов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беше изгласана и професорката на правниот факултет Иванка Василевска.