Игор Иванов претседател на ДФРМ, Теодосиевска директор на „Браќа Манаки”


На денешното изборно собрание на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) со акламација за претседател е избран Игор Иванов-Изи, сценарист и режисер и долгогодишен член на ДФРМ.
Изи ќе го предводи Друштвото во наредните четири години.
На собранието, како што соопшти ДФРМ, со двегодишен мандат за нов директор на ИФФК „Браќа Манаки” со мнозинство гласови е избрана Гена Теодосиевска, новинар и филмски критичар, досегашен уметнички директор на фестивалот и селектор на документарната програма.