Зендели, Реџепи и Демири се избрани за потпретседатели на Беса
Фадил Зендели, Кастриот Реџепи и Абдуш Демири се избрани за потпретседатели на Беса, одлучи раководството на денешниот прв состанок по одржаниот конгрес, информираат од Движењето на чие чело е Билал Касами.
За генерален секретар е избран Арјанит Хоџа. Членовите одлучија на некој од следните состаноци да се избере и заменик-претседател кој ќе биде од редовите на Женскиот форум.