Зголемен водостојот на Треска кај Македонски Брод


Водостојот на Вардар на мерните места во Јегуновце и Скопје од 13 часот почна полека да се намалува, додека кај Велес и Демир Капија нивото на реката се уште е во пораст, покажуваат последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Драстично зголемување на водостојот има реката Треска кај Македонски Брод каде е за повеќе од 10 пати зголемено нивото за последните осум часа. Водостојот, пак, на Црна Река кај Новаци во овој период е зголемен за 3,5 пати, а на Брегалница кај Штип за речиси двојно.

Кај останатите реки е во минимално опаѓање или на речиси истото ниво како претходно, а кај природните езера нема значителни промени од утринава.