Затворот во Шутка доби нов директор


Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари доби нов директор по заминувањето на Александар Наумовски, кој стана градоначалник на Општина Ѓорче Петров. На негово место доаѓа Ѓоко Котевски, кој претходно беше директор и на Управата за водење на матичните книги, дел од Министерството за правда.