Започна протестот против Договорот од Преспа пред грчкиот Парламент
Со грчки знамиња, пароли против Договорот од Преспа и „Македонија е грчка“, мал број Грци се собраа на почетокот од протестот пред Парламентот организиран од т.н „Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија“.
Демонстрантите преку нивните паноа бараат оставка од претседателот на Грција, но и референдум за договорот.